
Автономните возила и роботиката ќе добијат голем замав во наредните години и ова ќе биде нивна деценија, изјави извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, на конференцијата Viva Tech во Париз.
Американскиот чип гигант игра истакната улога во воведувањето на возила без возач, бидејќи продава хардверски и софтверски решенија за автономни автомобили, објави CNBC.
Автономните возила може да се видат сè почесто во Соединетите Американски Држави, каде што Waymo, во сопственост на Google, управува со роботски такси услуги првенствено во делови од Сан Франциско, Феникс и Лос Анџелес.