Huawei го симна Apple од врвот на кинескиот пазар на мобилни телефони

19

Кинескиот технолошки гигант Huawei Technologies го врати првото место на домашниот пазар на мобилни телефони во првите недели од 2024 година, соборувајќи го американскиот Apple од тронот, според извештајот на Counterpoint.
Продажбата беше зголемена со телефонот Mate 60 Pro 5G на Huawei, лансиран минатиот август, а компанијата исто така може да се потпре на лојалноста на кинеските потрошувачи, заклучува Counterpoint.

Така, Huawei се врати на врвот на рангирањето за прв пат откако САД го ставија на црната листа во мај 2019 година, тврдејќи дека неговите производи претставуваат потенцијална закана за националната безбедност бидејќи Пекинг може да ги користи за шпионажа. Компанијата ги негира тие тврдења. Apple сè уште е жестока конкуренција во Кина, како и компании како Xiaomi, Viva и Oppo.

Продажбата на мобилни телефони од високата класа во Кина се зголеми минатата година и покрај забавувањето на глобалниот пазар, истакнуваат од Counterpoint. Apple водеше во првата половина од годината, но побарувачката ослабе во четвртиот квартал и Huawei ја надмина.