
Германската модна компанија „Хуго Бос“ објави дека во вториот квартал од 2025 година забележала зголемување на оперативната добивка од 15 проценти на годишно ниво на 81 милион евра, и покрај релативно ниската глобална побарувачка на потрошувачите и послабите резултати на азискиот пазар.
Вкупните приходи на компанијата се зголемија за еден процент на годишно ниво на 1,01 милијарда евра, надминувајќи ги пазарните очекувања, пренесува „Танјуг.рс“.
Хуго Бос успеа да ја одржи стабилноста на продажбата во првата половина од годината, а приходите изнесуваа две милијарди евра.