Хуманитарна акција на Здравје Радово во соработка со Црвениот крст

37

Компанијата Здравје Радово, во соработка со Црвениот крст од Скопје, иницираа хуманитарна акција во која вработените, заедно со своите семејства, ќе донираат облека, обувки, постелнини, млечни производи од широкиот асортиман на Здравје Радово, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.

За таа цел, во наредните неколку дена, вработените организирано ќе собираат работи за донации, кои потоа ќе бидат доставени до Црвениот крст на Скопје, од каде ќе бидат дистрибуирани.

“Одговорноста кон своите вработени, деловни партнери, финансиската заедница, животната средина, како и одговорноста спрема јавниот сектор и пошироката општестевена заедница, е составен дел на корпоративната стратегија на македонската компанија Здравје Радово. Да се помогне, да се направи нешто убаво и корисно за нас и нашата заедница, е најдобар доказ за постоењето на разбирање и солидарност. Се надеваме дека и оваа хуманитарна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест и дека ќе им помогне на најзагрозените семејства, кои често се повеќечлени домаќинства и на кои секоја донација им е добродојдена”, изјави Јован Дабовски, директор на Здравје Радово.

Оваа донација е само една од низата активности кои ги презема Здравје радово за подобрување на квалитетот на живот на најзагрозените социјални категории  на кои помошта им е најпотребна,  и на тој начин настојува да го даде својот придонес и да го насочи вниманието кон решавање на некои од клучните проблеми со кои се соочуваме во време на криза.