Хуманитарна акција во Сити Мол, Празна Продавница- Полно Срце

19

Во Трговскиот центар Скопје Сити Мол денес започна хуманитарна акција под наслов Празна Продавница – Полно Срце. Покрај Сити Мол организатор на настанот е и Црвениот крст.

Така, хуманите посетители наместо да доаѓаат со празни и да си одат со полни ќеси, тие го прават токму спротивното, доаѓаат со кеси полни со половна или облека која ја чуствуваат за непотребна и со неа ги полнат празните рафтови од продавницата.

Волонтерите на Црвениот крст се задолжени да ја примаат донираната облека.

Оваа продавница каде се одржува акцијата, во периодот од 23.08 до 23.09 2013, се очекува да биде посетена од голем број граѓани кои со своите донации од половна облека ќе ги усреќат срцата на оние на кои тоа им е најпотребно.