HyperCube: Три во едно, безжичен полнач, будилник и помагало за подобар сон

17

Фото: IndieGoGo

HyperCube е уред што полни три различни уреди истовремено, има вградено Bluetooth звучници и е компатибилен со IOS и Android оперативните системи.

Коцката има LED дисплеј со LED часовник, а полнењето е два пати побрзо од обичните полначи.

Таа емитува и звуци како на пример капки дожд, морски бранови и слични релаксирачки амбиентални звуци што помагаат за полесно заспивање.

Овој производ е дело на старт-ап со седиште во Бруклин, Њујорк и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 28.691 долари од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште два месеци.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.