
Американската филијала на јужнокорејската компанија Хјундаи Мотор, како и производителот на автомобили Стелантис и авиокомпанијата Делта ерлајнс објавија дека ќе донираат по еден милион долари во инаугурацискиот фонд за новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп.
„Хјундаи“ соопшти дека ја поздравува можноста да работи со новата претседателска администрација во Вашингтон на чекорите „кои го поддржуваат американското производство, ги штитат синџирите на снабдување и поттикнуваат иновации“.
Потенцијалното воведување тарифи и промени во субвенциите за електрични возила (ЕВ) што ги разгледува Трамп може да има „драматично влијание“ врз производителите на автомобили, пишува Ројтерс.