И Црна Гора во потрага за нафта во Јадранот

23

nafta

На тендерот за доделување на концесија за истражување и производство на јаглеводород во црногорскиот дел од Јадранот, на компаниите им е понудена површина од преку 3.000 километри квадратни. Рокот за пријавување истече минатата недела, а пристигнати се три понуди од три меѓународни конзорциуми, во кои учествуваат шест големи компании.

Во првиот конзорциум се две компании од САД и Австрија, вториот од Италија и Русија и третиот од Грција и Британија.

Трите понуди за владата во Подгорица се прифатливи, изјави црногорскиот министер за економија, Владимир Кавариќ, пренесуваат црногорските медиуми.

Со договорот ќе биде прецизирано од вкупниот приход од бушотините, 65% да и припаѓа на Црна Гора.