Алтернатива Црна Гора ги повика граѓаните во петок да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата.
„Во петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, сето тоа без исклучок, бидејќи тоа нема врска со политика, високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани“, се вели во соопштението.
Алтернатива соопшти дека истата акција била спроведена и во соседна Хрватска и дека вродила со плод. Во Босна и Херцеговина истата акција е најавена и за петок.
„Алтернативна Црна Гора сака да го организира истото во Црна Гора“, се додава во соопштението.
Сметаат дека цените се енормно високи и дека водечките трговски синџири, преку меѓусебните договори за формирање на цените, имале пресудно влијание врз граѓаните да не го почувствуваат целосното влијание на зголемувањето на платите и пензиите.
Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да знаат дека ние одлучуваме“, прашуваат од Алтернатива.