И Франко Фратини ќе ја советува српската влада

14

fratiniПоранешниот шеф на италијанската дипломатија Франко Фратини објави дека прифатил да биде советник на првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ, со цел да ја зајакне европската перспектива на Србија.

“Мојот совет за вицепремиерот Вучиќ за тоа како да се зацврсти европската перспектива на Србија е: прво реформите”, пишува во пораката што Фратини ја објавил на својот Твитер профил.

Фратини додава дека ќе работи без паричен надоместок.

Според пишувањето на Новости, Фратини во Белград ќе пристигне на 21 октомври и тогаш официјално ќе ја преземе функцијата советник на Владата на Србија.

Да ја советуваат српската влада досега прифатија поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Строс – Кан, поранешниот австриски канцелар Алфред Гузенбауер и Бетина Нелен, експерт за борба против корупција и перење пари.