И најдобрите грешат – Ферари повлекува над 2.000 возила

91

Производителот на луксузни спортски автомобили Ферари ќе повлече 2.222 автомобили во Кина поради потенцијален дефект на системот за сопирање, соопшти кинеската регулаторна служба за пазар.
Според регулаторот, повлечени се моделите 458 Italia, 458 Speciale, 458 Speciale A, 458 Spider, 488 GTB и 488 Spider.

Сите автомобили се увезени помеѓу март 2010 и март 2019 година.

Акцијата на повлекување на автомобилот започнува на 30 мај.

Информиран извор изјави дека ова е дел од глобалната акција на Ферари која ја презема италијанската марка поради проблеми на истите модели произведени во тој период.

Ферари ги повлече своите модели во САД во ноември минатата година.