И во Турција паѓа инфлацијата

Годишната инфлација во Турција падна на 42,12 отсто во јануари од 44,38 отсто во декември, објави  Турскиот статистички институт (Туркстат). Аналитичарите на Блумберг прогнозираа дека годишната стапка на инфлација во Турција ќе биде уште пониска, на 41,1%.

Ова е осми последователен пад на годишната инфлација во Турција, која сега е најниска од јуни 2023 година, кога изнесуваше 38,2%.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во декември се зголемени за 41,76% на годишно ниво, трошоците за домување, вода, струја, гас и други горива за 68,9%, транспорт за 23,14%, облека и обувки за 27,53%, рекреација и културата за 21,11%, 33,05%, што во сите наведени случаи е побавен раст од декември.

Експертите беа непријатно изненадени и од месечната стапка на инфлација во Турција од пет проценти, бидејќи нивната прогноза беше 4,3%.