IBM дели 100.000 откази за да привлече млади вработени

21

ИТ компанијата IBM отпушта околу 100.000 вработени за да привлече помлади работници, поради што се соочува со бројни тужби.

IBM (International Business Machines Corp) доби неколку тужби во коишто технолошкиот гигант се обвинува за дискриминација на постари вработени, пишува Big Think.

Оваа пракса на IBM започна уште во 2014 година, кога започна со отпуштање на постари работници за да ги замени со работници од помлада генерација, коишто според компанијата е “многу поиновативна“.

IBM во последните неколку години бележи зголемен пад на приходите, а во последните 10 години се отпуштени илјадници работници во обид да се намалат трошоците, но и да се направат реформи на работната сила.

IBM се занимава со производство на хардвер и софтвер за компјутери, услуги, хостинг и консалтинг, а основана е во 1888 година.