ICERTIAS: Мотика е најдобриот веб сајт во Македонија

32

medal

Според истражувањето на швајцарската ICERTIAS, Мотика е најдобриот веб сајт во Македонија. Македонците сакаат да возат Мерцедеси, да пијат Нескафе, да го гледаат Меси на натпревари на Барселона, а омилена веб дестинација им е Мотика.

Мотика нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет, според мислењето на самите потрошувачи, покажува независното истражување на пазарот спроведено од страна на швајцарската организација ICERTIAS.

“Мотика освои најмногу гласови од потрошувачите (Бр. 1 по квалитет) во нашето истражување QUDAL – QUality meDAL за 2014/2015 година, спроведено во Република Македонија во текот на март 2014 година, на примерок од 1200 испитаници – главно население кое користи интернет”, стои во соопштението.

Истражувањето беше спроведено преку интернет прашалник со употреба на методологијата CAWI – DEEPMA (интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – избор по подолго размислување). Конкретното прашање со кое Мотика освои најмногу гласови беше: “Наведете го името на веб-страницата со содржина на македонски јазик (или интернет-портал на македонски јазик) која, според Вашето искуство и мислење, како и според искуството и мислењето на Вашите блиски, нуди највисоко ниво на квалитет во Македонија”. Најголем број испитаници на ова прашање одговорија со Мотика.

Сите прашања во испитувањето на QUDAL беа отворени, односно на испитаниците не им беа понудени готови одговори за да бираат.

Покрај Мерцедес, Нескафе, Меси, Барселона и Мотика, со QUDAL – QUality meDAL Бр 1. по квалитет се закитија и Бимилк (категорија: млеко); Пелистерка (категорија: минерална вода); Нивеа (категорија: крем за лице); Дел (ноутбук комјутери); Адидас (спортска облека); Стопанска банка (банка); Триглав Осигурување (осигурителна компанија), Виза (кредитни картички) и други.

Сертификатите и медалите на QUDAL – QUality meDAL се доделуваат врз основа на независно истражување на пазарот кое го спроведува швајцарската организација ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација ГмбХ.

Само компаниите, брендовите, услугите и производите кои освоија најмногу гласови од потрошувачите во независното истражување на пазарот QUDAL – QUality meDAL, во една од категориите вклучени во истражувањето, можат да го добијат заштитениот златен медал QUDAL- TOP QUality meDAL со најмногу пет ѕвезди за квалитет и статус – Бр 1. по квалитет.

Истражувањето QUDAL не ја мери вредноста на брендот или уделот на пазарот, туку искуството на потрошувачите, нивното мислење, задоволство и перцепција за тоа кој нуди апсолутно највисок квалитет на пазарот – Бр. 1 по квалитет.