Иднина без автомобили: Се гради најдолгиот тунел за велосипедисти и пешаци

210

Наскоро ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот наменет за пешаци и велосипедисти. Тунелот поминува низ планината Ловстакен во Југозападна Норвешка, поврзувајќи ги регионите Филингсдален и Мидемирен. По излегувањето од тунелот, велосипедистите може да продолжат со возење до Берген по постојни патеки.

Вкупното растојание на рутата – од Филингсдален до Фестпласен во центарот на градот – е 7,8 километри, што трае околу 25 минути со велосипед. Во моментов, возењето велосипед помеѓу овие области трае околу 40 минути, според Euronews.

Целта на тунелот е да им олесни на што е можно повеќе луѓе да изберат велосипед и пешачење наместо да возат. Освен што ќе го намали сообраќајниот метеж во градот, тунелот ќе помогне и за намалување на емисиите кои ја загреваат планетата и ја загадуваат животната средина.
Тунелот ќе биде отворен секој ден од 5:30 до 23:30 часот. Насекаде има добро осветлени места за одмор и безбедносни камери. Телефоните за итни случаи се достапни на секои 250 метри.

Свеченото отворање на тунелот е закажано за 15 април.