Иднината на телевизорите според Samsung

40

f806a46924da636b341e66491df4d56d_0На саемот за електорника IFA, којшто се одржа во Берлин, Samsung ја претстави својата визија за телевизорот на иднината, пишува Whowired.com

Овој ултра модерен телевизор ќе работи преку системот IoT (Internet of Things), ќе го буди корисникот наутро и ќе работи според неговите желби и потреби додека не заспие.

Кога ќе се разбуди корисникот, телевизорот ќе ги прикаже утринските вести, временската прогноза, состојбата на патиштата, како и дневните обврски за тој ден.

Преку гласовна команда ќе можат да се подигнат и ролетни, да се вклучи клима уредот и слично. Кога корисникот ќе си дојде од работа телевизорот и аудио системот автоматски ќе ја пуштат неговата/нејзината омилена музика, а осветлувањето и температурата ќе се прилагодат според условите.

samsung-televisions-ifa-2015

Телевизорот ќе може да биде и фамилијарен уред за комуникација. На пример, домаќинката треба само да каже дека вечерата е готова и системот веднаш ќе испрати сигнали до останатите членови да се упатат кон кујната/трпезаријата.

Освен тоа, телевизорот ќе врши и проверка на останатите поврзани уреди, како бебе – монитори, машина за перење или домашното ѕвонче.

За време на изложбата во Берлин, Samsung престави и дом каде телевизорот ја идентификува програмата што се гледа и според тоа ја прилагодува атмосферата што одговара на самата содржина  На пример, ако се емитува филм, ТВ уредот ќе го намали осветлувањето и ќе го прилагоди аудио системот на режим за филм исто како да гледате во кино.

На командата Добра ноќ, системот ќе ги изгасне светлата, ќе ги спушти ролетните и ќе ја вклучи климата на режим за спиење, обезбедувајќи оптимална температура за добар сон.