Идните пензионери во грижа: Дали касата на ПИОМ може да издржи нови покачувања?

Ќе има ли пари за идните пензионери, дали државниот ПИОМ е под финансиски ризик, дали е загрозена стабилноста на „касата“ од каде пензија треба да дочекаат сегашните вработени – ова се прашањата, кои според економистите и познавачите, се отвораат повторно, по објавување на новите проценки за буџетската 2026-та во која сумата за исплата на пензии се зголемува за скоро 170.000.000 милиони евра, а минусот во касата на ПИОМ се продлабочува.

Најавеното мартовскo зголемување на пензиите за 1.000 денари, заедно со септемвриското од годинава, одат под „лупа“ на Уставен суд. Сумата од 1.000 денари што ја најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која навестува ново „линерно“ зголемување на пензиите беше „пресретната“ од Уставен суд.

„Постапувајќи по овој предмет, на предлог на судијата-известител Добрила Кацарска, Судот одлучи по сопствена иницијатива да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување. Станува збор за одредба со која се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување). Со оспорениот член 2 правото на редовно месечно усогласување на пензиите со пресметки направени врз основа на порастот на платите и трошоците на живот, е заменето со линеарна распределба на вкупниот износ на пари за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и на уплатениот придонес“, соопшти Уставниот суд.
Целиот текст на Локално.мк