ИЕА: До 2027 година од обновливи извори ќе се произведуваат 5.640 гигавати

88

До 2027 година, капацитетот треба да се зголеми за 2.400 гигавати, што е еквивалентно на вкупниот енергетски капацитет на Кина денес, на 5.640 гигавати, прогнозира ИЕА.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во годишната прогноза за обновлива енергија наведува дека во следните пет години во светот многу побрзо ќе се изградат капацитети за производство на зелена енергија, поттикнати од загриженоста за снабдувањето по рускиот напад врз Украина.

До 2027 година, капацитетот треба да се зголеми за 2.400 гигавати, што е еквивалентно на вкупниот енергетски капацитет на Кина денес, на 5.640 гигавати, прогнозира ИЕА.

Прогнозираните нови капацитети се за 30 отсто повисоки од пред една година, забележува ИЕА, додавајќи дека технологиите за зелена енергија станаа поатрактивни оваа година поради високите цени на гасот и електричната енергија во глобалната енергетска криза. Дополнителен поттик за раст се политичките и пазарните реформи во САД, Кина и Јапонија, кои сакаат да го забрзаат развојот на обновливите извори на енергија.

Во следните пет години, обновливите извори на енергија ќе сочинуваат повеќе од 90 отсто од растот на глобалниот производствен капацитет, што ќе го надмине јагленот и ќе стане најголемиот светски извор на електрична енергија до почетокот на 2025 година, прогнозира ИЕА.

Глобалниот соларен фотоволтаичен капацитет би требало речиси тројно да се зголеми до 2027 година и да обезбеди водечка позиција во рангирањето на изворите, додека капацитетот за производство на енергија од ветер треба речиси да се удвои.

ИЕА наведува и дека до 2027 година за 22 процента ќе се зголеми побарувачката за биогорива, со очекуваниот удел од 80 отсто на САД, Канада, Бразил и Индија во зголемувањето на производствениот капацитет, поради големите стимулации.