Игра Super Mario продадена за 1,56 милиони долари

65

Неотворена игра Super Mario 64 на Nintendo е продадена на аукција за рекордни 1,56 милиони долари.

Аукциската куќа Heritage во Далас соопшти дека играта од 1996 година била продадена во неделата, соборувајќи ја претходната рекордна цена за продажба на единствена видео игра. Купувачот засега останува анонимен за јавноста.

На оваа неверојатна продажба ѝ претходела продажбата на неотворената копија на The Legend of Zelda на Nintendo која во петокот била продадена на аукција за 870.000 американски долари.

Во април, аукциската куќа продаде неотворена копија на Super Mario Bros на Nintendo, купена во 1986 година и заборавена во фиока за 660.000 американски долари.

Фото: Pixabay