Ikea го купи стартапот TaskRabbit

54

ikea-1376853_960_720

Фото: Pixabay

Шведскиот гигант Ikea го купи стартапот TaskRabbit со цел да ја подобри сдигиталната услуга за клиентите, пишува Curbed.

TaskRabbit, којшто поврзува хонорарци со занаетчии и работни места, веќе има соработувано со Ikea нудејќи монтажа на мебел во Велика Британија.

Клиентите на Ikea подолго време се жалат на одредени проблеми при монтажата на мебелот на што компанијата одговараше со нов дизајн, односно елементи што се лесни и брзи за склопување, без потреба од алати. Купувањето на TaskRabbit, којшто останува независна подружница, ќе овозможи да се надмине овој проблем со помош на технолошки ориентиран пристап по барање на корисниците.

Во последниве години Ikea континуирано работи на подобрување на своите дигитални способности, од е -трговија до претставување на апликација за дизајн во соработка Apple.