Шведскиот произведувач на мебел Икеа ќе инвестира околу 100 милиони евра во изградба на деловен центар на Азурниот брег, на периферијата на Ница. Центарот ќе се простира на 40.000 метри квадратни, а освен продавници и деловни простории, ќе има и околу 200 станови.
Во првиот центар на Икеа од ваков тип, се ќе биде подредено на одржлив развој, паркингот ќе биде под земја, а на кровот ќе има вегетација. Објектот воопшто нема да наликува на досегашните деловни центри на Икеа, со карактеристични сино – жолти згради и паркинзи на отворено.
Отворањето е планирано за крајот на 2016 година.
Икеа во Франција е присутна веќе 30 години и поседува 29 продавници, како и една фабрика.