ИКЕА ќе ѝ плати на Германија 6 милиони евра за принудна работа на затвореници во 70-тите и 80-тите

127

Компанијата која произведува мебел и производи за домаќинството ИКЕА се согласи да плати шест милиони евра или 6,5 милиони долари на владиниот фонд за компензација на жртвите на принудна работа во комунистичката диктатура во Германија, а поради овој потег активистите се надеваат дека и другите компании ќе го сторат тоа, пренесува  CNN.

Оваа информација првпат беше објавена во шведските и германските медиуми пред повеќе од една деценија, што ја поттикна оваа компанија да започне независна истрага.

Истрагата спроведена од ревизори од Ернст и Јанг утврди дека затворениците произведувале мебел за компанијата ИКЕА во 1970-тите и 1980-тите.