Ikea претстави линија на мебел што може да се поврзе без алат

131

REGISSOR

Шведската компанија за производство на мебел ја претстави новата линија на мебел, што овозможува лесно и едноставно составување.

Линијата REGISSÖR им овозможува на купувачите сами и без никаков алат да ги состават потребните елементи за да добијат полици за книги, орманче и масичка за кафе, користејќи го новото решение на Ikea.

Новата техника, што подразбира користење на посебно дизајнирани шрафови, ќе се користи и за некои нови модели на мебел, што ќе бидат лансирани следната година.

“Новото решение им дава поголем избор на корисниците. Со полесно поврзување на елементите од мебелот, ние сакаме да им дадеме поголема причина да ја изберат Ikea“, вели Џенис Симонсе, портпарол на Ikea U.S.