Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде одобрение за организирање на Илирика Кеш Фонд да биде новиот отворен инвестициски фонд. Со фондот ќе управува Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје.
Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето.
Илирика Фунд Менаџмент планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот првенствено во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари.
Хартиите од вредност предвидено е да бидат од издавачи чие седиште, односно платежна дејност се врши во Македонија, земјите членки на ЕУ и ОЕЦД и земјите кои не се членки на ЕУ и ОЕЦД – Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Украина.
Освен со со новиот Илирика Кеш Фонд, Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје управува и со уште два инвестициски фонда, Илирика Глобал растечки Пазари-отворен инвестициски фонд и Илирика Југоисточна Европа-отворен инвестициски фонд.