Илон Маск го претстави електричниот Cyberquad за деца (Видео)

125

После свирчето Cyberwhistl, кое веќе е распродадено на онлајн продавницата на Tesla, компанијата лансираше во продажба уште еден производ – Cyberquad.

Станува збор за електричен Cyberquad кој веќе може да се нарача преку веб-страницата на Tesla по цена од 1.900 долари, а испораката се очекува во рок од четири недели.

Ова доаѓа како изненадување откако Cyberquad ATV беше најавен од Tesla пред повеќе од две години како додаток на футуристичкиот електричен Cybertruck.

Дизајниран е за деца над осум години, има челична рамка, седиште со перница, прилагодлива суспензија и задни диск сопирачки.

Работи на литиум-јонска батерија, која му овозможува 24 км возење, а децата на него можат да возат со максимална брзина од 16 км/ч.