Има ли здрав човек на планетава? (Прв дел)

30

pritisok

Фото: Pixabay

Пред некој ден имавме една групна дискусија на работа за тоа колку се луѓето здрави и дали живееме здрав живот. Искрени да бидеме, дискусијата беше доста опсежна и со различни гледишта на поимот здравје.

Поттикнати од таа дискусија, решивме малку да истражиме како се дефинира здравјето и неговите аспекти. Дополнително на ова очекуваме дека ќе ги добиеме и вашите коментари, со што ќе ни помогнете во дефинирање на заклучокот.

Здравјето е состојба на потполна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или психичка слабост.

Дефиниција за здравје според

Светска Здравствена Организација (СЗО)

Од друга пак страна, според СЗО, секоја аспект посебно се дефинира на следниот начин:

  • Физичката активност се дефинира како секое движење на телото произведено од скелетот и мускулите и кое резултира со трошење на енергија. Физичката неактивност е алоцирана како четврт ризик-фактор и причинител за смртност во светот.
  • Ментална благосостојба е дефинирана како можност секоја индивидуа да ги реализира своите потенцијали, може да се справи со нормалните стресови во животот, може да работи продуктивно, а дополнително и да придонесува во својата заедница.
  • Социјална благосостојба се условите во кои една индивидуа е родена, расте, работи, живее и старее, како и поширокиот сет на фактори и системи што нè опкружува (тука спаѓаат економските и политичките системи, развојни агенди, социјални норми и политики итн.).

Гледајќи ја дефиницијава за здравје и анализирајќи ги нејзините аспекти, се поставува едно едноставно прашање:

ИМА ЛИ ЗДРАВ ЧОВЕК НА ПЛАНEТAВА?

Одговорите со ДА или НЕ можете да ни ги испратите со едноставно одговарање во коментар на овој пост. Собраните податоци ќе бидат јавно објавени во некои од следните неделни совети!

Со почит,

Тимот на МАКЕДОНИЈА ЕКСПОРТ