Имате ли проблем со самодовербата?

42

hrabrost

Фото: Pixabay

Постојат различни типови на самодоверба, од општото чувство дека верувате во своите вредности, до она чувство кое е поврзно со одредена улога во животот – родител, љубовник, вработен, пријател и слично.

Таа постојано се менува

Еден ден може да се разбудите чувствувајќи се самоуверено и силно, а веќе следниот да се колебате за секоја одлука. Постојат многу варијанти на самодоверба и таа многу зависи од повратните реакции од околината и од моменталната ситуација во животот.

Премногу самодоверба не е добро

Самодовербата треба да е на високо ниво, но не до таа мера за да истата премине во нарцизам. Нарцисоидните луѓе имаат чувство дека се многу подобри од другите, а на најмала критика ќе реагираат агресивно и офанзивно.

Не е поврзана со физичкиот изглед

Истражувањата  покажуваат  дека оние луѓе кои важат за убави и привлечни, всушност немаат поголема самодоверба од останатите. Па така во едно истражување каде на испитаниците им биле дадени фотографии на кои имало личности со мала самодоверба, истите не ги оцениле како помалку атрактивни од оние со голема самодоверба.

Отпорни на комлименти

Поединци со генерално мала самодоверба “пружаат отпор” на пофалби и позитивни информации од околината, па според тоа можат и да се препознаат. Тие не знаат да прифатат комплимент, ја испитуваат пофалбата и која е причината за неа, а сето тоа го прават затоа што се чувствуваат недостојни за пофалби и комплименти.

Самопомошта не е многу од помош

Иако денес постои цела индустрија наменета за подигнување на самодовербата, како литература од типот “самопомош”, истражувањата покажуваат дека самопомошта всушност не е многу од помош. Сепак на самодовербата докажано е дека влијаат физичките активности, дружењата, како и остварувањето на зададените задачи и цели.

Не се виновни ни родителите и друштвото

Оние со мала самодоверба најчесто бараат вина кај другите, родителите, поранешните партнери, друштвото, но факт е дека секој сам на себе си прави штета. Самокритичноста може да биде генетски наследена, но како таква произлегува од нашиот карактер и од начинот на кој сме го изградиле, велат психолозите.