Имунизацијата за здравствените работници започнува в среда

69

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска му го предаде на премиерот Зоран Заев првиот контингент вакцини што Србија ги донира. Пратката содржи 4.680 вакцини на компанијата Pfizer, неопходни за имунизација на граѓаните против коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на настанот изрази благодарност за донацијата од Србија соопшти кога ќе почне вакцинацијата.

“Вчера работевме и го потпишавме договорот од Pfizer и сега веќе пристигнаа вакцините. Во среда ќе почне имунизацијата во Модуларната клиника во Клиничкиот центар, а првата група како што е познато ќе бидат здравствените работници“, истакна Филипче.

Фото: Pixabay