Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи за март

20

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0,7 %, а за 1,2 % на годишно ниво.

Во март 2019, во споредба со февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 %, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.

Во март 2019, во споредба со март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,2 %.