Индија бара казни за технолошките гиганти за ширење лажни вести

Индиското Министерство за информации и радиодифузија истакна дека технолошките гиганти како Facebook, Google и YouTube шират лажни вести. Тие побараа пред Владата да се утврдат законски мерки според кои технолошките гиганти ќе бидат принудени да отстрануваат содржини што шират дезинформации.

Министерството посочи дека во последните месеци има интензивна комуникација со претставници на Facebook, Twitter и Google. Овие компании се свесни дека има многу лажни вести. И покрај договорите, тие не прават напор да ги отстранат лажните содржини и да спречат понатамошно ширење.

Владата на Индија одржа онлајн состанок со претставници на технолошките гиганти. Во текот на овој разговор, Big Tech се соочиле со барања да се уреди содржината со цел да се отстранат лажните вести. Владата не поставила ултиматум и досега не се изречени казни, ниту е покрената судска постапка. Но, поради негативното искуство, Министерството не верува дека овој разговор ќе вроди со плод и предлага да се повлечат законските мерки.

Индија е само уште една во низата која се обидува да се справи со растечкото негативно влијание на Big Tech. Според досегашното искуство, се очекуваат само најави и ветувања од Facebook, Twitter и Google.