Индитекс бележи раст на продажбата од над 13 отсто

57

Групацијата Индитекс, чадор-компанија на брендот Зара, рече дека продажбата во нејзините продавници се зголемила за повеќе од 13 отсто и покрај економската несигурност со која се соочи во последните недели.

Шпанската малопродажна групација забележа годишен раст на продажбата од 17,5 отсто, на 32,6 милијарди евра, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, пишува Фајненшл тајмс.

Под новото раководство на претседателката Марта Ортега и извршниот директор Оскар Гарсија, нето добивката на компанијата се зголеми за 27 отсто на 4,1 милијарди евра минатата година.

Приходите на модниот гигант беа во согласност со она што го очекуваа аналитичарите бидејќи компанијата забележа пораст на побарувачката во периодот по пандемијата, пишува CNBC.