
Германската агенција за финансиска регулација BaFin ја казни Deutsche Bank со осум милиони евра за тоа што не ги префрли корисничките податоци на Postbank на заедничка ИТ платформа во 2023 година.
Како резултат на тоа, бројни клиенти имаа проблеми со пристапот до своите сметки и банкарски услуги, објави Spiegel.
BaFin објави дека банката не воспоставила соодветни организациски процедури за навремено решавање на зголемениот број жалби од клиенти што се појавија за време на миграцијата на податоци.











