Индонезија ќе го искористи своето членство во БРИКС за извоз на рударски производи, најави заменик министерот за енергија и минерални ресурси на земјата, Јулиот Танјунг.
Официјален претставник од азиската земја истакна дека сè уште го проучува влијанието на официјалното членство на Индонезија во гореспоменатата заедница врз домашното рударство, пренесува Мина.
Тој изјави дека членките на БРИКС, како што се Индија и Кина, имаат големо население со огромен потенцијал.
На 6 јануари Бразил, како овогодишен претседавач со БРИКС, објави дека Индонезија официјално стана членка на блокот.
Лидерите на земјите кои ја сочинуваат заедницата ја одобрија кандидатурата на земјата на самитот што се одржа во Јоханесбург во август 2023 година.
Руското Министерство за надворешни работи претходно објави дека од оваа година, голем број земји, вклучително и Индонезија, ќе се приклучат на БРИКС како земји партнери на групацијата, чии основачи се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Други партнери се Белорусија, Боливија, Казахстан, Куба, Малезија, Тајланд, Уганда и Узбекистан.