Индра Нуји заминува од челната позиција на PepsiCo

26

Индра Нуји, главниот извршен директор на PepsiCo, се повлекува од челната функција по 12 години, пишува BBC.

Таа е меѓу најистакнатите светски лидери во бизнисот и редовно се појавува на листата на 100-те најмоќни жени на Forbes, а минатата година беше рангирана на 11-то место.

Нуји (62) е дел од компанијата последните 24 години, а колку е значајна доволно говори фактот што акциите на PepsiCo пораснаа за 78%, откако ја презеде челната позиција во 2006 година.

Индра Нуји останува претседател на бордот на директори до почетокот на 2019 година.

На нејзиното место доаѓа Рамон Лагарта, кој во компанијата е веќе 22 години на различни раководни позиции. Лагарта моментално е претседател и ги следи глобалните операции, корпоративната стратегија и односите со јавност на компанијата. Претходно беше директор за Европа и Подсахарска Африка.

Фото: PepsiCo