Индустрија во која ќе се отворат милиони работни места во следните години

194

Најголемиот проблем во секторот за соларна енергија, кој го освојува светот, а полека се „вжештува“ и во нашиот регион, наскоро би можел да биде недостигот од работна сила. За сите оние кои немаат работа, но и оние кои размислуваат да ја променат, Европската асоцијација за соларна индустрија SolarPower Europe и Google подготвија кампања која промовира вработување во соларната индустрија – #SolarWorks.

Кампањата има цел да покаже дека овој сектор е еден од најперспективните во светот кога станува збор за отворање нови работни места и вработување. SolarPower Europe подготвил промотивни видеа за да им помогне на сите да сфатат што претставува оваа индустрија.

Во видеата се пренесуваат искуства на луѓе што веќе работат во оваа индустрија. Се проценува дека на крајот од 2020 г. во овој сектор работеле околу 4 милиони луѓе. Прогнозите на SolarPower Europe се дека соларната енергија би можела да отвори уште 4 милиони работни места низ Европа до 2050 година.

Европската Унија има цел да стане климатски неутрална до 2050 година, што подразбира дека 80 отсто од електричната енергија што ќе ја троши ќе бидат произведени од обновливи извори на енергија.