Инфлацијата им „изеде“ 70 милијарди евра заштеди на Германците

57

Инфлацијата ги „јаде“ заштедите на Германците, покажуваат резултатите од анализата на банкарските салда објавени од минхенскиот економски институт ИФО.

„Вишокот средства што многу домаќинства го заштедија за време на пандемијата на коронавирус сега се стопи. Во исто време, потрошувачките цени ќе продолжат нагло да растат. Ова, за жал, значи дека приватната потрошувачка нема да ја поттикне германската економија до крајот на годината. “, вели Тимо Волмерсхајзер, шеф на ИФО на Одделот за прогнози.

Депозитите на домаќинствата во германските банки силно се зголемија помеѓу вториот квартал од 2020 година и првиот квартал од 2021 година.

„Ако ја земеме како основа просечната распределба за заштеди во текот на петте години пред избувнувањето на корона-кризата, тогаш ќе видиме дека од вториот квартал на 2020 година до првиот квартал на 2021 година, на банкарските сметки се депонирани добри 70 милијарди евра повеќе од вообичаено во тој период“, додава Волмерсхајзер.

Тој вишок на депозити беше речиси целосно елиминиран до крајот на првиот квартал од 2022 година, а тој тренд продолжи со речиси непроменето темпо во вториот квартал.

„Високата инфлација веројатно беше клучниот двигател на „поништувањето“ на заштедите на домаќинствата“, заклучува Волмерсхајзер.