Инфлацијата во Австрија се искачи на 10,5 отсто во септември, поттикната од растот на цените на енергијата за домаќинствата, се вели во конечниот извештај на Заводот за статистика на земјата објавен во средата.
Бројката во септември, од 9,3 отсто во август, надмина 10 отсто за прв пат од октомври 1974 година, покажа статистиката, јавува Anadolu Agency.
Цените на становите, водата и енергијата во септември пораснале за 19,8 отсто на годишна основа.
„Цените на горивата, кои останаа на високо ниво, на тој начин паднаа на второто место меѓу двигателите на цените. Цените на храната и рестораните, исто така, продолжија силно да растат во споредба со претходната година“, рече Тобијас Томас, генерален директор за статистика Австрија.
Цените на транспортот во септември се зголемени за 17,5 отсто во однос на претходната година, а храната и безалкохолните пијалоци во истиот период се зголемени за 13,9 отсто.











