Инфлацијата во Австрија се искачи на највисоко ниво во последните 47 години

26

Во јули, трошоците за живот во Австрија продолжија значително да растат, а првата проценка на Заводот за статистика покажува дека стапката на инфлација за тој месец е 9,2 отсто.

Ова е највисоката вредност од март 1975 година.

Растот на инфлацијата во јули е поттикнат од цените на енергенсите и во угостителството, како и високите цени на храната, објасни генералниот директор на Заводот за статистика, Тобијас Томас, пренесе Танјуг.

Во однос на претходниот месец, нивото на цените е зголемено за околу 0,8 отсто.