Инфлацијата во Британија во септември порасна на 10,1 отсто – се врати на рекордно ниво

55

Стапката на потрошувачка инфлација во Британија во септември порасна на 10,1 отсто на годишно ниво, враќајќи се на највисокото ниво во последните 40 години – забележано во јули, објави Канцеларијата за национална статистика.

Економистите анкетирани од Ројтерс очекуваа потрошувачките цени да се зголемат за 10 отсто годишно, во однос на 9,9 отсто во август.

Британските статистичари објавија дека главен двигател на инфлацијата во септември биле цените на храната.

Исто така, Обединетото Кралство е тешко погодено од скокот на цените на природниот гас во Европа, предизвикан од руската инвазија на Украина, што дополнително го влошува проблемот со тесните грла во синџирот на снабдување по Ковид.

Цените на бензините деновиве се пониски, но секако се чувствуваат последиците од претходните осцилации.