
Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, во јануари се повисоки за 2,8 отсто во просек во Црна Гора во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Монстат.
Потрошувачките цени во јануари се зголемени во просек за 1,2 отсто во однос на декември лани.
„Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше зголемувањето на цените во групите: водоснабдување, тутун, млеко, сирење и јајца, зеленчук, месо, горива и мазива за моторни возила“, се вели во соопштението.
Потрошувачките цени се зголемија во просек за 3,3 отсто минатата година во споредба со 2023 година.
Гледано по главни групи производи и услуги по намена, во јануари, во однос на претходниот месец, раст е забележан во групите Алкохолни пијалаци и тутун за 4,8 отсто, рекреација и култура за 2,6 отсто, домување, вода, струја, гас и други горива за 2,3 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за одржување и мебел за домаќинствата за 1,7 отсто и услугите по 0,6 отсто.
Месечен пад на цените е забележан во групата облека и обувки за 2,7 отсто.
Цените на другите производи и услуги не се променија значително.