Инфлацијата во еврозоната најниска од мај

55

Инфлацијата во еврозоната во февруари падна на 8,5 отсто, што е најниско ниво од мај минатата година.

Европската агенција за статистика Еуростат објави дека на годишно ниво најмногу поскапеле храната, алкохолните пијалоци и тутунот – 15 отсто, а потоа енергенсите – 13,7 отсто.

Додека храната, на годишно ниво, поскапела во однос на јануари за еден процентен поен, растот на енергенсите во февруари е намален во однос на јануари за 5,2 процентни поени.

Од 20-те членки на еврозоната кои ги објавија податоците за февруари, највисока годишна инфлација во овој месец има Летонија 20,1 отсто, Естонија 17,8 отсто, Литванија 17,2 отсто и Словачка 15,5 отсто.

Најниска стапка на инфлација има Луксембург од 4,8 отсто и Белгија од 5,5 отсто.