Инфлацијата во САД драстично се зголеми поради тековната војна со Иран

Инфлацијата во Соединетите Американски Држави нагло се зголеми поради војната со Иран, а цените се за 3,3 проценти повисоки во споредба со истиот период минатата година.

Индексот на потрошувачки цени за март покажа зголемување од 0,9 процентни поени во споредба со февруари, што е најголемо годишно зголемување од мај 2024 година, објави „Индипендент“.

Според извештаите, економистите се подготвувале за значително зголемување на инфлацијата како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, кој започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.