Инфлацијата во САД во јануари неочекувано порасна на три отсто

Годишната инфлација во САД неочекувано порасна на три отсто во јануари од 2,9 отсто во декември, објави денеска американското биро за статистика на трудот.

Резултатот ги надмина очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа дека инфлацијата ќе остане стабилна на 2,9 отсто.

На месечна основа, американската инфлација порасна за 0,5 отсто во однос на декември, надминувајќи ги очекувањата на експертите кои предвидуваа раст од 0,3 отсто.