Инфлацијата во Шпанија на најниско ниво од почетокот на војната во Украина

40

Шпанската потрошувачка инфлација забави на 6,8 проценти на годишно ниво во ноември, што е најниско ниво од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, соопшти денеска националниот завод за статистика во Мадрид, ИНЕ.

Олеснувањето на растот на цените во четвртата по големина економија во Европската унија во голема мера може да се припише на падот на цените на струјата и горивата, соопшти ИНЕ.

Производството на електрична енергија од ветерната енергија во ноември и пониските светски цени на суровата нафта помогнаа во намалувањето на цените, пренесе ДПА.

Шпанија забележа потрошувачка инфлација од 6,1 отсто во јануари пред инвазијата. Инфлацијата достигна највисоко ниво од 10,8 проценти во јули и оттогаш паѓа.