Инфлацијата забавува низ Европа

Иако ноември беше месец на забавување на инфлацијата во Европа, таа сепак остана на двоцифрено ниво, пишува Euronews.

Во Велика Британија, на пример, растот на цените се намали од октомвриските 11,1 отсто на сѐ уште високи 10,7 отсто. Исто така, според проценките на Евростат, октомвриската инфлација во еврозоната изнесува 10 отсто, што е значително пониско од октомвриските 10,6 отсто.

Тоа е добра вест, но треба да се има предвид дека цените сè уште растат, само со побавно темпо, потсетуваат аналитичарите.

Каде најмногу и најмалку пораснаа цените?
Како што се покажа, балтичките земји беа најпогодени од растот на инфлацијата. Во ноември Латвија забележа најголем пораст на цените во еврозоната, дури 21,7 отсто.

Од друга страна, најголем пад на инфлацијата е забележан во Холандија, каде таа е намалена од 16,8 отсто во октомври на 11,2 отсто во ноември.

Инфлацијата исто така забавува во САД
Добри вести доаѓаат и од другата страна на океанот – во САД инфлацијата повторно забави минатиот месец. Имено, потрошувачките цени во ноември пораснале за 7,1 отсто во однос на претходната година, што е остар пад во однос на инфлацијата од 7,7 отсто во октомври, а особено во однос на јунските 9,1 отсто. Во Америка ова е петти месец на забавување на растот на цените.