
Годишната стапка на инфлација во Аргентина се искачи на речиси 109 отсто во април, објави државната агенција за статистика.
Овој податок ги урна прогнозите на аналитичарите, и предизвика гнев кај потрошувачите, кои мораат да штедат се повеќе за да преживеат, пишува Ројтерс.
Јужноамериканската држава, главен извозник на жито и економија број 2 во регионот, објави месечна инфлација од 8,4 отсто во април, што е значително над прогнозите на аналитичарите од 7,5 отсто. Тоа ја доведе 12-месечната стапка на неверојатни 108,8 проценти.
Економистот Даниел Артана од консултантската куќа Фиел вели дека новите податоци ги надминале сите прогнози.