Инфлацијата во еврозоната во мај 2,6 отсто, во ЕУ 2,7 отсто

17

Годишната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,6 отсто во мај 2024 година, наспроти 2,4 отсто во април. Една година претходно, стапката беше 6,1 отсто.

Во Европската унија, годишната стапка на инфлација беше 2,7 отсто во мај 2024 година, наспроти 2,6 отсто во април. Една година претходно стапката беше 7,1 отсто, објави статистичкиот завод Еуростат.

Најниски годишни стапки на инфлација се регистрирани во Летонија (0,0 отсто), Финска (0,4 отсто) и Италија (0,8 отсто). Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (5,8 отсто), Белгија (4,9 отсто) и Хрватска (4,3 отсто).

Во споредба со април, годишната инфлација падна во 11 земји-членки, остана стабилна во две и се зголеми во 14 земји-членки.

Во мај, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаа услугите (1,83 процентни поени – п.п.), потоа храната, алкохолот и тутунот (0,51 п.п.), неенергетските индустриски производи (0,18 п.п.) и енергијата. (+0,04 п.п.).