Иницијатива за јавно обраќање од членовите на CEED Club Gold до Кривичниот суд

42

biznis raceЧленовите на CEED Club Gold упатуваат апел до Кривичниот суд по повод продолжувањето на куќниот притвор на Владимир Куновски.

“Немаме никаква намера да навлегуваме во судскиот процес, туку единствено да ги потенцираме негативните последици на судската одлука за продолжувањето на куќниот притвор. Веруваме (односно се надеваме) дека одлуката е законски основана, но не сме сигурни дека се посветува доволно внимание на последиците“, стои во Иницијативата.

Владимир, како што велат членовите на CEED Club Gold, е наш пријател и соработник во реализација на долгогодишна програма за развој на малите бизниси во државава.

“Сите ние потпишани подолу, сопственици и менаџери на домашни компании, заедно учиме, споделуваме искуства и реализираме различни активности со единствена цел – да го унапредиме нашето работење и да придонесеме кон подобрување на целата домашна економија. Одлуката да се продолжи притворот на Владимир истовремено е силен удар на неговата компанија. Скромниот Хотел 7 кој тој и неговото семејство го поседуваат и во кој Владимир работи заедно со својата сестра веројатно наскоро ќе биде затворен. Причината е едноставна – без Владимир хотелот нема никаква можност да опстане. Со тоа ќе пропадне сé што е во него инвестирано: пари што тешко се обезбедени со многу откажувања и секојдневен макотрпен труд во изминатите 11 години. Но, уште позагрижувачки се негативните последици врз неговото семејство. Хотелот е извор на приходи за Владимир, неговата сопруга и нивните две малолетни деца. Затворањето на семејниот бизнис значи и неизвесна иднина за сите нив. Се надеваме дека ова обраќање ќе стигне до Кривичниот суд и дека ќе биде предмет на размислување во понатамошната судска постапка“, стои подолу во Иницијативата.

Свои потписи на Иницијативата ставија: Владимир Вецовски Р3 инфомедиа, Горан Антевски Раде Кончар ТЕП, Радмила Ханџиска Арабаџи Медикус хелп, Петар Лазаров КП Македонија експорт, Даница Личанин Блажеска Рептил маркети, Анита Христова Христови инженеринг, Дарко Јовановски Фрагмент комуникации, Звонко Блажески Рептил маркети, Јове Тодоровски Конгресен сервисен центар, Или Марку Унија финансиска, Борјан Тошевски Приматекс, Калин Бабушку КП Македонија експорт, Биљана Киселички Кавета, Викторија Шотароска Трајкова П.И.К.Ко, Ана Канческа Раде Кончар ТЕП, Данче Чакаровска Гроздановска Адвокатска канцеларија Чакаровска, Васко Темелкоски Еуромак контрол, Јован Маџовски ЦЕЕД Македонија, Владимир Киселички Хаусмајстор домување, Петар Наумовски Млекара Здравје Радово, Рино Шаровиќ Микпром, Робин Зимбаков Солопром, Игор Христов 4Виртус и Елисавета Маринковска Македо Комерц.