Иницијативата „Направено за Германија“ вреди 631 милијарда евра

Извршните директори на Дојче Банк и Сименс, Кристијан Севинг и Роланд Буш, го објавија заедничкото основање на инвестициската иницијатива „Направено за Германија“ („Made for Germany“), вредна 631 милијарда евра.

„Како сојуз на многу водечки компании, сакаме тесно да соработуваме со политичарите за да помогнеме Германија, а со тоа и Европа, да се стави на патот кон раст“, рече Севинг во интервју за Ханделсблат, објави Мина.

Буш оцени дека компаниите имаат јасни очекувања од Владата и додаде дека обете мора брзо да се обединат за да создадат импулс.

Во моментов, 61 корпорација се обврзаа да инвестираат во економијата на земјата во текот на следните три години.