Иновација: Softwheel за полесно преминување по скали со инвалидска количка или велосипед

22

meko trkaloДвижењето со инвалидска количка или велосипед не е секогаш едноставно и лесно. Една израелска компанија најде решение за поголема мобилност и движење без никаков проблем, па дури и по нерамни површини и скали.

Како што пренесува Reuters, компанијата користи Selective suspension technology, со цел да се добие ефектот на softwheel, односно меко тркало.

Оваа технологија се активира во моментот кога тркалото ќе наиде на некаква нерамнина или пак скала.

Тркалото, преку централниот дел, создава ефект на перница, што го апсорбира и намалува притисокот од ударот.